Џонсон Мети движечка извозна локомотива за Македонија

Bez autora
Mar 06 2013

Катализаторите на носачи на благородни метали што ги произведуваат фабриките на "Џонсон Мети", како и фероникелот на "Фени индустри", производите од железо, челик и валани производи на "Макстил" и "Балкан стил", облеката на македонските текстилци и преработките од нафта на рафинеријата ОКТА, се главната движечка извозна локомотива на Македонија и на стартот на 2013 година. Државниот завод за статистика излезе со најновите податоци за македонскиот извоз и увоз кои покажуваат дека во јануари годинава сме извезле производи во вкупна вредност од 305.638.000 американски долари, а сме увезле стока вредна 497.227.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз е 61,5%. Трговскиот дефицит изнесува 191.589.000 долари, а обемот на размена достигнал скоро 803 милиони долари.

Џонсон Мети движечка извозна локомотива за МакедонијаКатализаторите на носачи на благородни метали што ги произведуваат фабриките на "Џонсон Мети", како и фероникелот на "Фени индустри", производите од железо, челик и валани производи на "Макстил" и "Балкан стил", облеката на македонските текстилци и преработките од нафта на рафинеријата ОКТА, се главната движечка извозна локомотива на Македонија и на стартот на 2013 година.

Државниот завод за статистика излезе со најновите податоци за македонскиот извоз и увоз кои покажуваат дека во јануари годинава сме извезле производи во вкупна вредност од 305.638.000 американски долари, а сме увезле стока вредна 497.227.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз е 61,5%. Трговскиот дефицит изнесува 191.589.000 долари, а обемот на размена достигнал скоро 803 милиони долари.

Овие бројки се далеку поповолни доколку се споредат со истиот месец лани кога обемот на размена бил 749 милиони долари. И извозот, исто така бил помал и изнесувал 273.178.000 долари, наспроти овој во јануари од 305.638.000 американски долари што претставува зголемување од 32 милиони долари. Во делот на извозот ланските бројки се пониски и достигнуваат 476.702.000 долари, што исто така покажува зголемување од околу 21 милион долари.

Најголем дел од македонскиот извоз во јануари и тоа 70,4% отпаѓа на земјите-членки на ЕУ 27, а по нив следуваат земјите од Западен Балкан со 19%. И во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 и тоа со 51,9%, како и Заедницата на независни држави со 13,7%.

Германија е број еден трговски партнер за Македонија, а по неа најмногу се тргувало со Велика Британија, Русија, Бугарија и Србија, Грција, Италија и Кина, што е околу 60% од вкупната надворешно-трговска размена.

Директорот на германската стопанска комора во Македонија, Михаел Шмит, веќе информираше дека Германија и во 2012 е најголем трговски партнер на Македонија.

- Во извозот најголемо учеството заземаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, производите од железо и челик и облеката.

Бројките се само потврда дека инвестициите во индустриските зони во земјава веќе даваат поволни резултати. Извозот на катализатори е резултат на производството на фабриката "Џонсон Мети", а новите инвестиции во секторот на автомобилската индустрија се очекува годинава да дадат уште поголеми резултати.

За експертите ова е одличен старт на годинава. Но, тие објаснуваат дека бенефитот не е само во зголеменото производство кое овозможува раст на извозот и ја подобрува трговската размена на земјава, тоа поволно влијае и на други фактори како што е зголемувањето на вработеноста, со отворање на нови работни места и подобрување на социјалната состојба на населението.

- Токму затоа треба и годинава да се насочиме кон странските гринфилд инвестиции, бидејќи веќе се согледува оти тие се движечката сила на економијата - препорачуваат тие.

За професорот Томе Неновски, сепак треба да се причека првиот квартал од годинава за да се даде една сеопфатна анализа. Дотогаш ќе може да се согледа како дејствуваат мерките на Народната банка на РМ кои стапија на сила од први јануари, а се однесуваат на зголемување на извозот.

- Зголемениот извоз во јануари покажува дека имаме зголемена реализација на договорите со странските нарачатели. Но, позитивно е што има и поттикнување на производството кое главно е насочено кон извозот - вели Неновски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik